МАПА
Почувствувај ја силата во себе!
Дали си подготвена да ги трансформираш... твоето тело и твојот ум?

Зошто клубот 60 Минути?

Затоа што е...

Место каде ќе доживееш тотален баланс на твоето тело. 
Место каде ќе се опуштиш од стрес, напнатост, нервоза. 
Место каде ќе дадеш се од себе да бидеш подобра. 
Место поради кое ќе започнеш, и ќе продолжиш.
Место во кое ќе се дружиш.
Место во кое ќе научиш повеќе.
Место за тебе.

 

Дознај Повеќе!

Вие сте на: ПочетокАеробикAerobics 702

Aerobics 702


 

Позитивен, енергичен, моќен тренинг исполнет со многу забава и денс темпо. 

Реквизити: тегови, ластици, топки, степери, столици.

Резервации задолжителни!

Интензивни аеробни вежби за цело тело.

Дозволете си луксуз со кој ќе успеете да се истрошите максимално до крајот на денот!!!

Сиот стрес и напнатост кои ќе ги соберете, акумулирајте ги на вистинското место!

Секој Aerobics 702 час е направен да трае 1 час, доволно долго во процесот да се вклучат мастите, голем број на мускули, да се подигне фрекфренцијата на срцевата работа.

На тој начин кислородот и хранливите материи се транспортираат до мускулите и целокупниот систем што овозможува луѓето да слабеат, да се затегнат. Аеробната издржливост е кардиоваскуларна издржливост, јакнење на срцето и крвните садови.

Аеробикот е комбиниран комплекс на вежби составен од повеќе дисциплини како што се аеробик, пилатес, каланетика, тае бо, body sculpting, степ аеробик итн. 

Секој од овие комплекси на вежби си има свои карактеристики и свои обележја, а миксот од сите овие дисциплини прави една целина односнo еден нов комлекс со чија изведба се постигнува саканата цел - целокупен развој на моторички способности како што се издржливост, сила, брзина, флексибилност итн.

Еден месечен циклус го сочинуваат дванаесет педесет и пет минутни тренинзи.

Секој од овие тренинзи претставува приказна за себе, почнувајќи од чисти тренинзи како што се Класичен Аеробик, Тае Бо, Пилатес, Каланетика итн., па се до миксови од овие системи, со најразлични кореографии и со интензитет почнувајќи од слаб, умерен и јак и тренинзи каде акцент се става на поедини мускулни групи како и тренинзи каде домира издржливоста во одредени положби и тренинзи каде преовладува стречинг. 

Покрај придобивките* од Микс аеробикот како што се добра психофизичка состојба, здравје, физичка кондиција, оформување на телото, секако голем плус е социјализирањето на вежбачите и секако изведбата на вежбите во најразлични кореографии во ритамот на музиката што го прави овој систем на вежби ефикасен а во исто време и забавен. 

Придобивки

  • Зацврстување на бедрата, задникот 
  • Израмнување на стомакот 
  • Подигнување на градите 
  • Тонирање на целото тело 
  • Подобрување на целокупното држење на телото.

"СОЗДАВАЈТЕ УБАВО ТЕЛО, ЗАБАВУВАЈЌИ СЕ!"

Share

Cre8iv House

Product Tour
By: Dejan Andrevski